Почитувани колеги и колешки,
Ни претставува особена чест и задоволство да Ве поканиме на IV Меѓународната научна конференција „Рускиот јазик, литература и култура: минато, сегашност и иднина“ во организација на Рускиот центар при УКИМ која ќе се одржи во периодот од 27 до 29 септември 2023 година.
Работни јазици на конференцијата се сите словенски јазици и англискиот. Излагањата на пленарната сесија траат до 25 минути, додека во секциите се предвидени до 15 минути за секој учесник. По завршување на конференцијата предвидено е печатење на рефератите во посебен зборник.
Форма на работа
Конференцијата ќе се одвива во:
- пленарна сесија
- лингвистичка секција
- секција за литература
- секција за култура
- преведувачка секција
- секција за методика на настава по руски јазик
Теми:
За секоја од секциите се предвидени одделни теми и тоа:
Лингвистичка секција:
- Рускиот јазик во современ контекст
- Улогата и придонесот на руската лингвистика во развојот на науката за јазикот
- Дијахрониски истражувања: рускиот јазик низ вековите
- Рускиот јазик во споредба со другите јазици (компаративни истражувања)
Секција за литература:
- Валериј Брјусов и неговото литературно наследство
- Иљф и Петров – сатирата како литературна алатка
- Творештвото на Б.А. Можаев како инспирација за филмски сценарија
- Александар Островски во новиот милениум
- Руската литература низ призмата на современоста
Секција за култура:
- Влијанието на руската култура врз современите текови
- Тенденции во развојот на руската култура
- Духовноста како особеност на руската култура
Преведувачка секција:
- Предизвиците при преводот на руската литература
- Проблемите при преводот на детската литература
- Актуелни проблеми при техничкиот и/или деловниот превод од и на руски јазик
Секција за методика на настава по руски јазик:
- Пандемиски искуства при изучувањето на рускиот јазик
- Методички иновации при изучувањето на рускиот јазик
- Теоријата во функција на практиката
Пријавување за конференцијата
Пријавувањето се врши со пополнување на анкета и со нејзино испраќање на електронската адреса: [email protected], со назнака „Пријава за учество на конференција“.
Пријавата треба да содржи и апстракт (до 250 зборови) и најмногу 5 клучни зборови.
Календар
Краен рок за доставување на пријавите 1.7.2023
Известување за прифаќање на рефератот 15.7.2023
Испраќање на целосната програма 15.9.2023
Одржување на Конференцијата 27 – 29.9 2023
Котизација и трошоци за сместување и пат
За учество на Конференцијата не е предвидена котизација, а трошоците за превоз и сместување се на товар на учесниците.