Секоја академска година Рускиот центар при УКИМ на граѓаните им нуди бесплатно изучување на рускиот јазик.

Започнувајќи од учебната 2016/2017 година Центарот овозможува посетување на бесплатни курсеви по руски јазик и тоа на три нивоа:


Основно рамниште

  • Прв степен (60 часа)
  • Втор степен (60 часа)
  • Трети степен (60 часа)

    Средно рамниште
  • Прв степен (60 часа)
  • Втор степен (60 часа)
  • Трети степен (120 часа)

    Напредно рамниште
  • Прв степен (120 часа)
  • Втор степен (120 часа)
  • Трети степен (120 часа)

На повисоките рамништа курсистите освен практична, следат и теоретска настава по фонетика на рускиот јазик, зборообразување на рускиот јазик, синтакса на рускиот јазик и по лексикологија на рускиот јазик.

Наставници на бесплатните курсеви по руски јазик се филолози од Русија и од Македонија кои се специјализирани според програмата „Руски јазик за странци“. Она што е интересно е и самата програма на Рускиот центар при УКИМ според која се
изучува рускиот јазик, а која е составена специјално за оние слушатели кои се носители на македонскиот јазик, а ваквиот пристап досега се покажа како ефикасен и дава соодветни резултати.

Во 2016 година на бесплатните курсеви се запишале повеќе од 1.000 кандидати, а во следните четири години повеќе од 500 слушатели. Интересот на бесплатните курсеви по руски јазик од година в година е сè поголем. По завршувањето на вториот семестар курсистите полагаат и завршен испит кој се состои од писмен и устен дел, а оние што ќе го положат се здобиваат со соодветни сертификати.