Заеднички час со студентите од Воронеж
Студентите од Катедрата за славистика, курсистите на Рускиот центар и руските студенти коишто учат македонски јазик на Воронешкиот државен универзитет одржаа заеднички час на 20 април 2023 година. Освен студентите, на часот присуствуваа и професори од двата универзитета – Елена Обухова од Рускиот центар при УКИМ, директорката на Центарот за словеска филологија на ВГУ Дарја Гаљцова и директорката на Рускиот центар во Скопје Биљана Мирчевска-Бошева. Во текот на настанот студентите имаа можност да дознаат повеќе за традициите на празнувањето на Велигден во Македонија и во Русија, и да слушнат македонски и руски јазик од роден говорител.