Александар Островски – мајсторот на руската драма
Предавањето е посветено на јубилејот 200 години од раѓањето на Александар Николаевич Островски, руски драматург и писател, кој има дадено голем придонес за развојот на рускиот театар.
Во една од првите комедии на Александар Островски (1823-1886) „Наши сме си, ќе се договориме“ (1849) се опишани финансиските махинации на еден московски трговец. Наведениот објавил дека банкротирал за да не го врати кредитот, додека во исто време неговиот управник го мами.
Делото беше објавено во книжевно списание и беше многу добро прифатено не само од читателите, туку и од угледните руски критичари и писатели. Тие беа воодушевени и од јазикот, и од сеопфатноста на херојот, и од драматургијата на делото. Лав Толстој изјавил дека комедијата е неверојатна и го карактеризира Островски како „вистински генијален драмски писател“.
Островски не го засновал своето творештво на класичната трагедија и типичните јунаци. Во центарот на неговиот интерес не е високото општество и возвишените теми, туку секојдневниот живот и проблемите на трговскиот сталеж и обичниот свет.
Островски одлично ја познавал таа материја. Таткото правник сакал синот да тргне по неговите стапки, но тој бил исклучен од првата година студии на Московскиот универзитет. Сепак, неговата правничка кариера не го заобиколила, татко му го вработил во судот, каде Островски ги надгледувал трговските парници на големопоседниците, трговците, индустријалците и купувачите. Она со кое се среќавал таму му послужило како инспирација за пишување драми кои не биле само забавни, туку и неверојатно вистинити и архетипски.
Предавањето го одржа д-р Емил Ниами.