Женската проза во современата руска литература: Људмила Улицкаја (по повод 80-годишниот јубулеј од раѓањето)
По повод 80-годишниот јубулеј од раѓањето
Методот на Улицкаја е да го следи животот на едно семејство низ неколку генерации во контекст на историските настани. Таа посветува внимание на влијанието на политиката и на владејачкиот режим (особено тоталитарен) на човековата судбина, и притоа пропагира хуманизам и љубов. Во еден момент изјави дека од неа повеќе не треба да се очекуваат нови романи, но читателите се надеваат дека ќе биде објавен барем зборник раскази и во меѓувреме повторно ги читаат нејзините најважни романи:
– „Зелениот шатор“, впечатлив пресек на советското општество од 1960-тите и 1970-тите, со дисиденти, самиздат и апсурдот на бирократскиот апарат кој им пречи во животот и во работата на луѓето што мислат,
– „Даниел Штејн, преведувачот“ е роман заснован на вистинска приказна за полски Евреин кој служел во Гестапо и спасувал луѓе, за подоцна да стане католички свештеник во Израел. Со оваа книга авторката се обидува да ги помири христијанството, исламот и јудаизмот.
– „Скалилата на Јаков“ е роман во кој Улицкаја зборува за својот дедо којшто бил затвореник во логор.