Женската проза во современата руска литература: Људмила Петрушевскаја
Петрушевскаја ја нарекуваат жена-оркестар. Таа има над 80 години, но пее и танцува како дел од своето кабаре, носи ексцентрични шапки, а исто така пишува сценарии за сказни и за претстави
Еден од нејзините најпознати романи е „Ноќно време“. Станува збор за отворена илустрација за тоа како живееле жените во доцниот Советски Сојуз: со сите секојдневни ужаси, сеќавањата за срамот од првиот секс и целосното отсуство на личен простор.
Освен тоа, Петрушевска има напишано и неколку зборници хорор и весели раскази за семејството, и интересна автобиографска книга за советското детство насловена како „Малечото девојче од Метропол“.
На 26 мај 2023 година Људмила Стефановна наполни 85 години. На денот на нејзиниот јубилеј д-р Емил Ниами одржа предавање за творечкиот пат на Петрушевскаја. Особено внимание беше посветено на нејзините сказни и на сценаријата за цртаните филмови.