Во училишта и детски градинки во Русија се изучуваат 71 јазик на народите на земјата
71 јазик на народите на Русија се вклучени во домашниот образовен систем на земјата. Ова го сподели в.д.директорот на Федералниот институт за мајчините јазици на народите на Русија Лариса Маршева. Според неа поддршката на јазиците на народите кои живеат на територијата на Русија е клуч кон меѓунационалната слога во државата, пренесува порталот „Руско образование“.
Денес руските ученици во рамките на дисциплината „Мајчиниот јазик и книжевност“ изучуваат 65 јазици на народите на Русија вклучувајќи го и рускиот. Повеќе од 13 милиони деца од школска возраст го подобруваат знаењето на својот мајчин јазик и се запознаваат со творештвото на истакнати автори кои пишуваа на тие јазици. Што се однесува до децата од предшколска возраст повеќе од 400 илјади од нив низ целата земја го учат својот мајчин јазик во детски градинки.
Tag:градинки, деца, образование, училишта