Творештвото на Гавриил Державин
Гавриил Державин влезе во историјата не само како писател, тој мина пут од обичен војник до министер за правда на Руската Империја. Беше губернатор на две области и личен помошник на Екатерина Втора. Ја има напишано првата неофицијална химна на Русија, има учествувано во еден од првите литературни кружоци во 18 век, а потоа ја создаде својата „Беседа на љубителите на рускиот збор“.
Предавањето е посветено на 280-годишнината од раѓањето на Гавриил Романович Державин. Приказната на неговиот живот и за творештвото на познатиот руски писател Гавриил Державин на посетителите во Рускиот центар им ја раскажа д-р Емил Ниами. Исто така беше посветено внимание на преломните години на поетот и државен деец.