• За нас
    • Нашиот тим
    • Мисија
    • Руски центар во медиумите
  • Настани
    • Конференции
    • Предавања
    • Работилници
    • Семинари
  • Курсеви
    • Информација за курсевите
    • Пријавување
  • Библиотека
    • Каталог
  • Изданија
    • Монографии
    • Зборници
  • Новости
    • Вести од Русија
    • Интересни факти за Русија
    • На денешен ден
  • Галерија
  • Контакт
  • македонски
  • Russian
Руски центар Македонија
  • За нас
    • Нашиот тим
    • Мисија
    • Руски центар во медиумите
  • Настани
    • Конференции
    • Предавања
    • Работилници
    • Семинари
  • Курсеви
    • Информација за курсевите
    • Пријавување
  • Библиотека
    • Каталог
  • Изданија
    • Монографии
    • Зборници
  • Новости
    • Вести од Русија
    • Интересни факти за Русија
    • На денешен ден
  • Галерија
  • Контакт
  • македонски
  • Russian

Настани

Почетна » Саем – презентација

Саем – презентација

  • Categories Настани
  • Date септември 18, 2018

18.09.2018

На 18 и 19 септември 2018 година од 09:00 часот, Претставништвото на Россотрудничество во Скопје и Russia.Study (Агенција за соработка во образованието), со поддршка на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, организираа саем-презентација на водечките руски високообразовни институции – „Образованието во Русија: старт на вашата успешна иднина“.

Посетителите на настанот се информираа за програмите за повишување на степенот на квалификација во руските високообразовни институции, завршување на второ високо образование и условите за запишување и обука на магистерски студии. Се информираа и за тоа како е организиран системот на образование во Русија, кои се предностите кои ги добиваат странските студенти и како да се аплицира во програмата за стипендии на руската влада, за бесплатно образование во Русија.

На саемот учествуваа претставници на водечките руски институти и универзитети, од повеќе наставно-научни области и специјалности: хуманистички, технички, физичко-математички, природно-научни. Програмите и условите за студирање ги презентираа проректорите на образовните институции и раководителите на организационите единици одговорни за меѓународна соработка и обука на странски студенти.

На саемот беа присутни претставници на медиумите и образовните институции, матуранти, студенти и млади научници, посетители и наставници на курсевите за изучување на руски јазик, како и сите заинтересирани.

  • Share:
author avatar
Biljana

Previous post

Курсеви
септември 18, 2018

Next post

Курс по превод
септември 20, 2018

Leave A Reply Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Руски центар Скопје @2021