Елена Обухова


Во 2005 год. дипломирала на Филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Воронеж, квалификација – „Филолог. Предавач. Специјалност „Филологија“, курсеви по специјалноста „Редактор-коректор“. Во 2009 год. завршила постдипломски студии на Катедрата за словенска филологија на филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Воронеж и одбранила дисертација на тема „Принципи на составувањето на речник на ономастички единици на творештвото на А.С. Пушкин“. Во 2008 година добива сертификат за познавање на македонски јазик (евростандард CETISMAK). Активно се занимава со преведувачка дејност, предава чешки и руски јазик. Од 2005 год. до 2011 работела како предавач на Катедрата за словенска филологија на филолошкиот факултет на Државниот универзитет во Воронеж. Предавала македонски и чешки јазик, а исто така работела и како предавач по руски јазик како странски од 2007 до 2009 год. Од 2017 година до денес работи како предавач по руски јазик во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Лауреат на Меѓународниот Пушкински конкурс за предавачи по руски јазик во 2019 год. Завршила курсеви за стручно усовршување во Институтот „Пушкин“ во Москва во 2019 година, курсеви за стручно усовршување во Србија во Ниш и Нови Сад, курсеви во рамките на Меѓународниот практикум на курсеви за стручно усовршување на „Институтот за развој на дополнителното образование“ во 2020 год. и др.

Наталија Милчовска

Родена и порасната во Санкт Петербург. Во 2005 г. дипломира н при Санктпетербуршкиот државен универзитет на Катедрата за словенска филологиjа (квалификациjа – „Филолог. Професор“, дополнителна специјалност – „Руски како странски јазик“). Во 2009 г. jа одбрани докторската дисертациjа по специjалност „Словенски jазици“. Пред да се пресели во Македониjа, работи како професор на Катедрата за словенска филологиjа на Филолошкиот факултет при Санктпетербуршкиот државен универзитет и како научен соработник во Отделот за научна систематизациjа на литературата на Библиотеката на Руската академиjа на науките. Во Македониjа, работи како преведувач и толкувач од македонски jазик на руски и обратно. Од 2019 г. почна да предава руски jазик во Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопjе. Од 2020 г. е ангажирана како демонстратор по руски jазик на Филолошкиот факултет «Блаже Конески» при Универзитетот «Св. Кирил и Методиј» во Скопjе.

Марија Смирнова

Во 2005 година дипломира на филолошкиот факултет на Московскиот државен универзитет „Ломоносов“, специјалност „Македонски јазик и словенски литератури“. Својата наставна дејност ја започнува во 2007 година како професор по руски јазик како странски. Во 2011 година е
ангажирана на филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ за предмети како современ руски јазик, устен и писмен превод од руски на македонски и од македонски на руски. Во 2017 година му се придружува на тимот наставници во Руски центар при УКИМ, претежно во групи од средно и напредно рамниште. Редовно зема учество во специјализирани настани од научен
карактер. Например, во 5-та руско-македонска научна конференција (Охрид, 2012), меѓународната конфенреција “Зборот збор отвора“ во рамките на проектот „Паралелниот фразеолошки корпус“ (Скопје, 2016), меѓународниот собир на славистите (Скопје, 2017), го заврши курсот за повишување на квалификациите за наставниците по руски јазик како странски одржан од страна на водечките специјалисти на Рускиот универзитет за дружба на народите (Москва, 2018) и сл. Освен наставничката, активно се занимава со преведувачка дејност (руски – македонски, руски – англиски).

Дарко Несторов

Роден во Скопје каде дипломира на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Катедрата за славистика на групата за руски јазик и книжевност. Од почетокот на студиите е активен во невладиниот сектор каде се занимава со проблематиката на човекови права, инклиузија на лица со посебни потреби и ранливи групи, родова еднаквост, трговија со луѓе, инклузија на мигранти итн. По завршувањето на студиите поактивно се вклучува во работата со меѓународни организации како што се ОБСЕ, Россотрудничество, Руски мир каде работи на разни проекти од областа на образованието, културата и културната дипломатија. Кратко по отварањето на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во 2016 година се приклучува на тимот и продолжува со работа над најразлични проекти од областа на културата и образованието и со предавање на руски јазик.