Мисијата на Рускиот центар е зајакнување на образовната и научната соработка меѓу Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и високообразовните, научноистражувачките и културните институции во Руската Федерација и во Република  С. Македонија. Во согласност со ова, Рускиот центар овозможува пристап до наставно-методски и научно-популарни информации на руски јазик, дава поддршка на програми за студирање на рускиот јазик, одржува настава за изучување на рускиот јазик и издава соодветни документи за негово познавање, активно работи на афирмација на рускиот јазик, литература, култура и уметност, обезбедува информации и консултативни услуги за оние што се заинтересирани за изучување на рускиот јазик и култура, создава услови за запознавање со класичните и современите дела на руската литература и уметност, како и со мултинационалната култура и историја и работи на проширување на културните, образовните и научните контакти и размени меѓу институциите.