Премиера: Андревски крст 22.03.2019
![](https://ruskicentar.mk/wp-content/uploads/2021/09/54458144_2133750240042898_9213910554614169600_n.jpg)
На 22 март 2019 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа премиерата на документарниот филм „Андреевски крст“ („Андреевский крест“) во кој се раскажува за изградба на храмот во Херсонес на местото на покрстувањето на кнезот Владимир, а исто така и за военото духовништво на Севастопољ од времето на Екатерина Велика до денешен ден.