Нова година на руски начин
Нова година е еден од омилените празници во Русија. На 20 декември 1699 година царот Петар Велики издал указ во кој се вели дека Нова година треба да почне да се празнува на први јануари. За да се одбележи празникот требалио куќите да се украсуваат со гранчиња од бор или елка. Дотогаш новата година во Русија се празнувала на први септември односно тоа било денот кога се собирале даноците. По револуцијата во 1918 година празникот бил укинат а први јанураи бил работен ден, а се што било поврзано со новата година било забрането. Во 1937 година традицијата на празнување на новата година е возобновила. Специфично е тоа што во Русија традиционално за Нова година се кити жива елка, којашто низ историјата на најразличен начин била украсувана. За време на новогодишните празници мошне важни се подароците кои се задолжителни. Традиционално во Русија се организираат новогодишни базари. Дедо мраз во Русија има потекло од источноевропската култура и има корени во словенската митологија. Тој претставува олицетворение на зимските мразови. Дедо мраз во Русија доаѓа од Великиј Устјуг, а не од Лапонија. Снежанка претсавува внуката на Дедо мраз која постојано го продружува и таа е незбежен дел од сите претстави.
Во русија новогодишната трпеза неможе да помине без руската салата која видно се разликува од нашата. Исто така тука е задолжително месото и изобилство од овошје.
Традиционално во Русија за Нова година се гледаат филмот “Иронија на судбината, или Наздравје бањање”. Постои традиција на украсување на градовите за време на новогодишните празници уште од времето на Петар Велики и задолжителниот огномет којшто е еден од најубавите во светот.
Ова предавање за новогодишните празници во Русија ни го овозможи д-р Емил Ниами во Рускиот центар при УКИМ.