Григориј Остер
![](https://ruskicentar.mk/wp-content/uploads/2022/05/267901685_4646836452067585_7429736207488679470_n.jpg)
Малкумина во Македонија имаат слушнато за Григориј Остер. Но, овој автор е вистинска ѕвезда уште од советско време, а кулминацијата на неговите дела е сè уште актуелна. За тоа каква улога играат овие дела и зошто се толку популарни говореше д-р Емил Ниами на ЗУМ платформата во склоп на редовните петочки предавања на Рускиот центар пти УКИМ.