На пат кон вселената: Прошетка низ Ѕвездениот град
Ѕвездениот град се наоѓа во близина на Москва. Во градот се наоѓа центарот за обука на космонаути кој го носи името на Јуриј Гагарин. Свездениот град претставува затворена територијално административна структура. Во 1960 година со директива на главната команда на воено воздушните сили на СССР бил создаден првиот центар за космонаути. Овој град во советско време го немало на картите, тој бил таен и маршутата до него не била позната на јавноста. Овој град и ден денес останува затворен и доколку се оди на екскурзија може да се посети тренинг центарот и парковите околку споменикот на Јуриј Гагарин. Во Ѕвездениот град моментално живеат 5217 жители. Градот е поделен на два дела едниот е дел за живеење а другиот е службениот дел. Во тренинг центарот за космонаути може да се видат најразлични експонати како центрифуга, базен во кој вежбаат работа во отворен космос под притисок и тренинг просторот за вежбање на движења во бестежински простор. Кога ќе излезето од центарот за обука можете да појдете до споменикот на Јуриј Гагарин и да си ги средите впечатоците од доживувањето.
Ова предавање за Ѕвездениот град и неговите убавини го одржа д-р Емил Ниами во Рускиот центар при УКИМ.