• За нас
    • Нашиот тим
    • Мисија
    • Руски центар во медиумите
  • Настани
    • Конференции
    • Предавања
    • Работилници
    • Семинари
  • Курсеви
    • Информација за курсевите
    • Пријавување
  • Библиотека
    • Каталог
  • Изданија
    • Монографии
    • Зборници
  • Новости
    • Вести од Русија
    • Интересни факти за Русија
    • На денешен ден
  • Галерија
  • Контакт
  • македонски
  • Russian
Руски центар Македонија
  • За нас
    • Нашиот тим
    • Мисија
    • Руски центар во медиумите
  • Настани
    • Конференции
    • Предавања
    • Работилници
    • Семинари
  • Курсеви
    • Информација за курсевите
    • Пријавување
  • Библиотека
    • Каталог
  • Изданија
    • Монографии
    • Зборници
  • Новости
    • Вести од Русија
    • Интересни факти за Русија
    • На денешен ден
  • Галерија
  • Контакт
  • македонски
  • Russian

Настани

Почетна » Македонско-руско трговско-економска соработка

Македонско-руско трговско-економска соработка

  • Categories Настани
  • Date ноември 27, 2020

Основните принципи за соработка со Руската Федерација е секако анализата на пазарот, каков е, неговата големина и специфика. Кој може да понуди нешто за нашиот пазар и обратно што можеме ние да понудиме на пазарот на Руската Федерација. Какви инструменти да се искористат во соработката која што ја имаме. И последно препораките кои им се даваат од страна на комората на фирмите членки во однос на сегашната и идната соработка.

Според последните податоци Руската федерација има население од над 146 милиони жители и ако се земе предвид што Русија е една од најголемите земји на светот таа претставува огромен пазар и пружа големи можности. Што е многу важно на овој број на жители се смета дека има плус уште 5% нерегистрирани жители како на пример туристи и посетители од земјите на Евроазиската унија. Според демографската карта на Русија се забележува дека во земјата има најмногу население на возраст од 30-34 години што претставува работоспособно население и реална потрошувачка сила. Многу е важно да се напомене дека во Руската федерација задолжително е познавањето на рускиот јазик со оглед на тоа што англискиот јазик го говорат малку жители но ситуацијата се менува. Од важните стратешки ресурски може да кажеме дека се гасот, нафатат јагленот, дрво но и други стратешки материјали и минерали. Согласно последните економско политички состојби на тој дел од светот Русија е лидер на Евроазиската унија, а сето ова е важно зошто во сите земји од унијата втор јазик е рускиот. Руската економија бележи многу брз развој во што главен удел имаше нафтата и гасот се до 2014 година кога беа воведени санкциите кога руските бизнисмени се свртеа кон производство на добрата кои не можат да ги увезуваат. Така Русија стана најголем производител и извозник на пченица. Она што е интересно е што Русија за време на санкциите се свртеа кон оние земји кои не им воведоа санкции тука вклучувајќи ја и Македонија што помогна во развојот на односите.

Ова предавање за руско-македонската трговско-економска соработка го одржа м-р Дејан Бешлиев извршен директор на Македонско-руската стопанска комора.

  • Share:
author avatar
Biljana

Previous post

На пат кон вселената: Прошетка низ Ѕвездениот град
ноември 27, 2020

Next post

Мала музичка прошетка низ Москва
декември 4, 2020

Leave A Reply Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Руски центар Скопје @2021