Мала музичка прошетка низ Москва
Рускиот национален музеј на музиката кој е основан од Московскиот конзерваториум каде посетепено се собирале ракописи, партирури, лични работи од музичарите, музички инструменти како и фотографии од музички настапи. Експозицијата на музејот при Московскиот конзерваториум била отворена во 1912 година, а тогаш музејот го носел името на Николај Рубинштејн. Тој го основал Московскиот конзерваториум и бил негов прв директор. Со текот на времето фондот на музејот многу се збогатил. Во текот на втората светска војна тој добил статус на државен централен музеј и престанал да го носи името на Рубинштејн. Во 1964 година музејот од Московскиот конзерваториум бил пренесен во Георгиевската улица каде се наоѓал се до осумдесетите години на минатиот век кога била изградена новата музејска зграда со концертна сала. Според податоците од 2017 година овој музеј го поседува најголемиот фонд на музичка култура во светот.
Музејот на Сергеј Прокофјев е посветен на животот и делото на големиот руски композитор, а отворен е во 2008 година како филијала на Рускиот национален музеј на музиката. Овој музеј се наоѓа на Камергерската улица која во минатото била место каде живееле уметниците и каде што живеел Прокофјев од 1947 до 1953 година. Станот во којшто живеел припаѓал на неговата втора жена. Токму во овој стан тој ја има напишано седмата симфонија. Во чест на 125 годишнината он неговото раѓање беше обновена експозицијата „Сергеј Прокофјев композитор пред своето време“, а исто така беше поставен споменик пред зградата на музејот. Во музејот посветен на големиот композитор може да се види клавирот којшто му припаѓал нему, голем број фотографии, лични работи. Исто така изложени се наградите кои ги има добиено. Најинтересно место во музејот е секако неговиот кабинет каде тој работел во последните години од неговиот живот.
Оваа мала музичка прошетка низ Москва ни ја овозможи д-р Емил Ниами во Русикиот центар при УКИМ.