Ливадиски дворец – омиленото место на Николај Втори
Ливадија е населено место на јужниот крај на Крим, во близина на Јалта која била неверојатно популарно место за одмор уште од средината на 19 век. За ваквата популарност придонела климата којашто лекарите ја сметале за лековита, како и развиената железничка инфраструктура.
Токму во Ливадија во 1861 година имот купил Александар втори и го изградил Големиот дворец како подарок за својата сопруга. Наското во негова близина се појавил Малиот дворец за наследникот, каде пто често доаѓал Александар Трети (и каде што починал),. Во Крестовоздвиженската црква заклетва за верност на рускиот престол положил Николај Втори.
За историјата на Ливадискиот дворец зборуваше д-р Емил Ниами.