
Курс по превод
Во учебната 2018-2019 година Рускиот центар започна и со специјален курс по превод. На курсот учество зедоа поранешни и сегашни студенти по руски јазик и книжевност, наставници и преведувачи. Целта на курсот е да се следат новите тенденции во практиката на преведувањето, да се дополнат знаењата и да се добијат нови информации од теоријата на преводот, а во исто време и да се направат консултации со преведувачите.