Како Николај Втори стана светец?
Николај Втори се одрекол од престолот на 2 март 1917 година за време на Февруарската револуција. По одрекувањето тој речиси половина година бил затворен во својата резиденција во Царское Село, а потоа со семејството бил испратен во сибирскиот град Тобољск, по што е преместен во Екатеринбург. Таму ночта на 17 јули 1918 година бил стрелан од страна на болшевиците заедно со сопругата, петте деца, готвачот, лекарот, слугинката на царицата и камердинерот на царот.
Веднаш по погубувањето на НИколај верниците започнале да зборуваат за негова канонизација. За руските православни верници царот бил помазаник Божиј и едно вакво ѕверско убиство, згора на тоа сосе децата, народот го восприемал како маченичка смрт. По Николај и неговото семејство во храмовите низ целата земја се одржувале упокоителни лутургии, и самиот патријарх Тихон ги благословил свештениците да вршат панихиди и да говорат пламена реч за „духовниот подвиг“ на царот.