• За нас
    • Нашиот тим
    • Мисија
    • Руски центар во медиумите
  • Настани
    • Конференции
    • Предавања
    • Работилници
    • Семинари
  • Курсеви
    • Информација за курсевите
    • Пријавување
  • Библиотека
    • Каталог
  • Изданија
    • Монографии
    • Зборници
  • Новости
    • Вести од Русија
    • Интересни факти за Русија
    • На денешен ден
  • Галерија
  • Контакт
  • македонски
  • Russian
Руски центар Македонија
  • За нас
    • Нашиот тим
    • Мисија
    • Руски центар во медиумите
  • Настани
    • Конференции
    • Предавања
    • Работилници
    • Семинари
  • Курсеви
    • Информација за курсевите
    • Пријавување
  • Библиотека
    • Каталог
  • Изданија
    • Монографии
    • Зборници
  • Новости
    • Вести од Русија
    • Интересни факти за Русија
    • На денешен ден
  • Галерија
  • Контакт
  • македонски
  • Russian

Настани

Почетна » Иван Купала: традиции, верувања, обичаи

Иван Купала: традиции, верувања, обичаи

  • Categories Настани
  • Date јули 7, 2021

Традиционално секоја година Рускиот центар при УКИМ го одбележува празникот Иван Купала. Овој празник потекнува уште од времето пред христијанизацијата на Словените, особено на истокот.

Иван Купала е истовремено и словенски празник на летниот сонцестој и црковен ден на раѓањето на Јован Крстител.

Паганскиот Иван Купала паѓа на датумот на летниот сонцестој, кога ноќта во годината е најкуса. Според астрономските пресметки тоа е во периодот помеѓу 19 јуни и 10 јули. Нашите предци не ги знаеле овие нијанси, па затоа празникот го одбележувале на условен датум, односно на 24 јуни според јулијанскиот календар, односно на 7 јули според грегоријанскиот календар.

Всушност на овој ден се одбележуваат не еден, ами два празника. Првиот е паганскиот Иван Купала, а вториот е црковен. Станува збор за тоа што на 7 јули православната црква го одбележува раѓањето на Јован Крстител, кој го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан.

Постои разидување на мислењата за тоа дали празнувањето на раѓањето на Јован Крстител е намерно поставен на денот на летниот сонцестој. Сепак, се верува дека тоа е направено за кај верниците да се искоренат паганските традиции.

За традициите на овој празник, за адетите, за минатото и сегашноста предавање во Рускиот центар при УКИМ одржа д-р Емил Ниами.

  • Share:
author avatar
Biljana

Previous post

Донски манастир: 430 години традиција
јули 7, 2021

Next post

Нова година 2019
септември 3, 2021

Leave A Reply Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Руски центар Скопје @2021