Иван Купала: традиции, верувања, обичаи
Традиционално секоја година Рускиот центар при УКИМ го одбележува празникот Иван Купала. Овој празник потекнува уште од времето пред христијанизацијата на Словените, особено на истокот.
Иван Купала е истовремено и словенски празник на летниот сонцестој и црковен ден на раѓањето на Јован Крстител.
Паганскиот Иван Купала паѓа на датумот на летниот сонцестој, кога ноќта во годината е најкуса. Според астрономските пресметки тоа е во периодот помеѓу 19 јуни и 10 јули. Нашите предци не ги знаеле овие нијанси, па затоа празникот го одбележувале на условен датум, односно на 24 јуни според јулијанскиот календар, односно на 7 јули според грегоријанскиот календар.
Всушност на овој ден се одбележуваат не еден, ами два празника. Првиот е паганскиот Иван Купала, а вториот е црковен. Станува збор за тоа што на 7 јули православната црква го одбележува раѓањето на Јован Крстител, кој го крстил Исус Христос во водите на реката Јордан.
Постои разидување на мислењата за тоа дали празнувањето на раѓањето на Јован Крстител е намерно поставен на денот на летниот сонцестој. Сепак, се верува дека тоа е направено за кај верниците да се искоренат паганските традиции.
За традициите на овој празник, за адетите, за минатото и сегашноста предавање во Рускиот центар при УКИМ одржа д-р Емил Ниами.