IV Меѓународна конференција „Руски јазик, литература и култура: минато, сегашност, иднина“
Од 27 до 29 септември 2023 година во Рускиот центар во Скопје во хибридна форма се одржа IV Меѓународна конференција „Руски јазик, литература и култура: минато, сегашност, иднина“, во организација на Рускиот центар со поддршка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Амбасадата на Русија во Северна Македонија и компанијата „Лукоил Македонија“.
На конференцијата учесниците од Македонија, Русија, Србија, Унгарија, Јапонија и Шпанија ги претставија своите реферати. Меѓу нив беа и научници од Институтот за лингвистика на РАН, од Санктпетербуршкиот државен универзитет, од МДУ „М.В. Ломоносов“ од Воронешкиот државен универзитет, од Ленинградскиот државен универзитет „А.С. Пушкин“, од Рускиот државен универзитет „А.И. Херцен“, од РУДН, од Пермскиот државен национален истражувачки универзитет, од Тамбовскиот државен универзитет, од Вишата школа за економија и др.
Меѓу учесниците имаше и научници од универзитетите од Белград (Србија), Валенсија (Шпанија), Токио (Јапонија), Печ (Унгарија), претставници на руски центри, наставници, преведувачи, студенти. Освен тоа, присуствуваа и претставници од Институтот за македонски јазик „Крсте Мисирков“, од Тетовскиот државен универзитет, од Филолошкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, од Меѓународниот славјански универзитет.