ХОХЛОМА
Во декември Рускиот центар при УКИМ одржа уште една сликарска работилница. Овој пат темата беше ХОХЛОМА, руски традиционален начин на сликање базиран на црвена, црна и златна боја.
2022 година во Русија беше прогласена за година на културното наследство на народите кои живеат во земјата. Тоа стана инспирација за да се организира еден ваков тип работилница на која учесниците добија можност да се запознаат со уникатниот руски стил кој е еден од најпрепознатливите симболи на Русија.
Работилницата ја водеше Викторија Егорова, руска сликарка која живее и работи во Македонија веќе неколку години.