Екскурзија низ Сергиев Посад
Сергиев Посад е мал град, којшто има толку богата историја и толку многу може да зборува за руската култура и за руската традиција, што секој што сака да дознае повеќе за Русија треба да го посети. Освен тоа, ова е единствениот град во Московската област којшто е дел од „Златниот прстен“. И ова е, секако, единсттвениот град од „Златниот прстен“ каде што може да се оди на само еден ден.
„Посади“ во Стара Русија се нарекувале местата околу манастирите или околу кнежевските имоти. По правило, таму се населувале занаетчии и организирале трговија, односно пазари. Ваков „посад“ по указ на Екатерина Втора во 1782 година се формирал и околу Троца-Сергиевиот манастир и бил наречен Сергиев во чест на свети Сергиј Радонешки.
За тоа што може и што треба да се види во Сергиев Посад зборуваше д-р Емил Ниами.