Донски манастир: 430 години традиција
Рускиот центар при УКИМ реши да ја одбележи 430 годипната традиција на Донскиот манастир со осврт на неговата историја.
Донскиот манастир е еден од најголемите и најважни манастири во Москва. Тој е машки манастир основан 1591 година и се наоѓа недалеку од центарот на Москва во времето кога е изграден служел како одбрана на градот и со неговата изградба е затворен одбранбениот полукруг на градот. Основан е од страна на царот Фјодор во чест на победата над кримскиот Хан Гази II Герај, а името го добил според иконата на Богородица донска. Првиот објект којшто бил изграден во манастирот е храмот на Богородица донска. Покрај храмот посветен на Богородица донска во манастискиот комплекс како позначајни храмови се и Големиот храм, храмот на Серафим Саровски и Ана Кашина, Црквата на Свети Захариј и Елизавета… Низ историјата Донскиот манастир многупати бил разрушуван, ограбуван и сквернавен во смутната доба, во налетот на Наполеон но сепак успеал да опстои, да се возобнови, надогради и да блесне во полн сјај.
За 430 годишната традиција, историја и значењето на Донскиот манастир за рускиот народ и зачувувањето на духот и вербата предавање во Рускиот центар при УКИМ одржа д-р Емил Ниами.