„Ана Каренина“ е меѓу лидерите во светската литература по бројот на преводи
Романот „Ана Каренина“ на Л.Н.Толстој се најде на списокот на ремек дела на светската книжевност, коишто најчесто се преведуваат на странски јазици, соопшти информативната агенција federalcity.ru. Познати се преводи на романот на четириесет и еден јазик. По тој показател „Ана Каренина“ е на чело на списокот на книги од руската литература.
Меѓу лидерите во светската литература по бројот на преводи на странски јазици се најдоа книги на Агата Кристи, „Малиот принц“ на Антоан де Сент Егзипери и делата на писателката на книгите за Хари Потер – Џоан Роулинг.
Информацијата и сликата се преземени од сајтот на Руски мир (https://russkiymir.ru/news/294993/)