Како се појавил рускиот јазик?
Современите словенски јазици имаат заеднички предок. Тоа е прасловенскиот јазик кој настанал отприлика до 6-7 век на новата ера.
По што е сличен и по што се разликува рускиот од другите словенски јазици:
Самиот факт што припаѓаат на една јазична (источнословенска) група зборува за тоа дека украинскиот и белорускиот јазик се најблиски на рускиот. До 13-14 век источните Словени зборувале и пишувале на староруски наречија од кои со текот на времето се развиле три различни литературни јазика.
Без оглед на културната и на историската блискост на јазиците, тие имаат многу повеќе разлики одошто можете да си замислите.
На пример, доколку во рускиот и во белорускиот има по 6 падежи, во украинскиот има 7, заедно со вокативот.
Предавањето за историјата на појавувањето на рускиот јазик го одржа д-р Емил Ниами.