Руска кујна
На 3 мај во СУГС „Лазар Танев“А во Скопје во организација на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ се одржа работилница за приготвување руски јадења.
Во рамките на работилницата готвачот на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија, Вјачеслав Козин, ги запозна учесниците со традиционалната руска кујна. Заедно со него идните готвачи ја подготвија салатата Оливје којашто многумина во Русија ја сакаат. Потоа Вјачеслав Козин го откри својот рецепт за боршч, а исто така откри и тајни за подготовка на други јадења.
Учениците и наставниците на училиштето-домаќин покажаа вистински интерес за процесот и активно учествуваа во приготвувањето на јадењата. По завршувањето на работилницата сите учесници имаа можност за дегустација на кулинарските ремек-дела што самите ги приготвиле.