Средба со студентите од Воронешкиот државен универзитет
На 16 март 2023 курсистите од Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и студентите-русисти од Катедрата за славистика имаа заеднички час со студентите што го изучуваат македонскиот јазик на Воронешкиот државен универзитет (Русија) на онлајн-платформата ЗУМ. Покрај студентите и курсистите на часовите беа присутни и професори од славистичките катедри на двата универзитета, Елена Обухова од Рускиот центар, директорот на центарот за словенска филологија на Воронешкиот државен универзитет, Дарја Гаљцова и директорот на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ и професор на Катедрата за славистика, Биљана Мирчевска-Бошева. На часовите студентите имаа можност да се запознаат, да дознаат нешто повеќе за универзитетите, да слушнат интересни информации за Македонија и за Воронеж, да го слушнат македонскиот и рускиот јазик од родени говорители.