Втора мала литературна прошетка низ Москва
Музејот на Владимир Мајаковски е основан во 1937 година и на почетокот бил организиран како библиотека музеј. На почетокот музејот се наоѓал на Гендриковата улица каде што живеел и самиот Мајаковски. Во 1972 година на иницијатива на неговата сестра Људмила Мајаковска музејот е преместен во поранешната комуналка во Лубјанскиот премин каде Мајаковски имено и го завршил својот живот со самоубиство. Во 1989 година поставката е организирана во конструктивистички стил. За неа е направен изложбен простор на четири ката кој е посветен не само на поетот туку и на целиот руски авангардизам. Музејската експозиција содржи 50 000 експонати. Во музејот постојат 5 фонда фотгарфии, меморијален фонд, ракописи и документи, ретки книги и предмети од ликовната уметност. Дом музејот на Николај Васиљевич Гогољ се наоѓа во поранешниот дом на грофот Александар Толстој каде писателот живеел 4 години од 1849 година до својата смрт во 1852 година. Во моментов овој музеј на Гогољ е единствениот центар во Русија кој целосно е посветен на писателот. Музејот е основан 1979 година. Во дворот на музејот е поставен споменик на Гогољ по повод 100 годишнината на писателот. За посетителите во овој музеј наинтересна е салата наречена Ревизор. Таа раскажува за триесетите и четириесетите години на деветнаесетиот век, за поставувањето на неговите драми. Оваа соба била всушност гостинската соба на грофот Толстој. Во салата Олицетворение се раскажува за делата на Гогољ. Спомен собата е направена по сеќавањето на современиците на писателот. Во оваа соба писателот на 21 февруари Гогољ починал.
Музејот на Марина Цветаева претставува меморијален музеј и е посветен на животот на поетесата. Овој музеј се наоѓа во центарот на Москва каде Цеветаева живеела со своето семејство од 1914 до 1922 година. Музејот е отворен во 1992 година на иницијатива на голем број културни дејци. Денес во музејскиот фонд има повеќе од 45 000 експонати, архивски документи, антикварен мебел и лични работи на Цветаева.
На Никитската улица се наоѓа московскиот дом на Ана Ахматова. Овој музејски простор е отворен во 2017 година. Станува збор за соба во која се изложени музејските експонати.
Оваа литературна прошетка низ Москва ни ја овозможи д-р Емил Ниами во Рускиот центар при УКИМ.