Владимир Иванович Даљ
На 22 ноември се навршија 220 години од раѓањето на Владимир Иванович Даљ, руски писател, етнограф и лексикограф, човекот кој го напиша најпопуларниот толковен речник на рускиот јазик. Овој петок му оддадовме почит на овој руски великан и загледавме подлабоко во неговиот Толковен речник на живиот великоруски јазик кој до денешен ден го има во речиси сите руски домови. Благодарение на д-р Емил Ниами од Рускиот центар при УКИМ присутните слушатели на платформата ЗУМ ги дознаа најинтересните факти за ова големо лексикографско издание.