
Творечкиот пат на Николај Гумиљов
Николај Гумиљов, еден од омилените руски поети од почетокот на минатиот век и
воедно еден од најистакнатите претставници на акмеизмот, воопшто немал лесен
живот. Но, тоа не претставувало пречка за својот талент да го преточува во она што
најмногу го сакал – поезијата. Затоа на 30.09.2022 година д-р Емил Ниами одржа
предавање под наслов „Творечкиот пат на Николај Гумиљов“ со кое присутните се
запознаа со неговиот творечки пат.