Трансформација на наставата по руски јазик како странски во онлајн-средина: најдобри практики
Рускиот центар беше организатор на едномесечна обука за наставниците по руски јазик и литература со цел нивно стручно усовршување во сегментот на стекнување способности за примена на современи наставни методи. Обуката на тема „Трансформација на наставата по руски јазик како странски во онлајн-средина: најдобри практики“ беше реализирана во периодот од 15 април до 14 мај 2021 година од страна на предавачи од Државниот институт за руски јазик „А.С. Пушкин“ од Москва, а наставата ја следеа наставници по руски јазик од основните, средните училишта, од центрите за странски јазици, од Рускиот центар и од Катедрата за славистика при УКИМ. Семинарот беше реализиран со поддршка од Фондацијата „Руски мир“.