Свечено доделување на сертификатите по руски јазик
Сите оние кои ги положија завршните испити во учебната 2017-2018 беа поканети на свечено доделување на сертификатите по руски јазик. Настанот се одржа во петок на 08.06.2018 година со почеток во 13 часот во големиот амфитеатар на Економскиот факултет при УКИМ. На присутните им се обратат амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Шчербак и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ проф. д-р Никола Јанкуловски.