Училиште за надарени деца: како да се развие креативноста во детето
Во просториите на Рускиот центар при УКИМ се одржа мастер-клас “Училиште за надарени деца: како да се развие креативноста во детето”. Лектор на овој мастер-клас е доктор по педагошки науки, апсолутен победник на Серускиот конкурс на професионално мајсторство на работниците од областа на дополнително образование „Им го давам своето срце на децата“ Аљона Жукова.
Настанот се одржа во рамките на Циклусот на културни и едукативни настани „Руска недела во Скопје“ (25 – 30 ноември 2019 година).