Руски мир
Во просториите на Рускиот центар при УКИМ беше извршено предавање на книги, филмови и нагледен материјал од фондацијата „Руски мир“. На свеченото предавање присуствуваа Владимир Кочин, извршен директор на фондацијата „Руски мир“ и неговиот заменик Владимир Литаренко. На библиотеката на Рускиот центар при УКИМ и беа предадени над 1.000 нови наслови и тоа белетристика, учебници, филмови, аудио и визуелни материјали за настава по руски јазик и литература, монографии, публицистика… Од страна на гостите беше изразено огромно задоволство од работата на Центарот.