Религијата на старите Словени со осврт на Перун и митологијата
На 5 април 2019 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при
Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа предавањето „Религијата на старите
Словени со осврт на Перун и митологијата“. На предавањето беше дискутирана митологијата на
старите Словени нивните божества и посебен акцент беше ставен на богот Перун. Исто така беше
направена паралела со православието. По завршувањето на предавањето имаше плодна
дискусија со многубројната публика. Со свое излагање на темата се обрати Владимир Благоевиќ,
етнолог, водич и едукатор во Етнолошкиот музеј на Македонија.