Реконструкции
Денес историските реконструкции се најинтерактивен и еден од најспектакуларните начини на интерпретација на минатото. Корените на овој начин на комеморација можеме да ги откриеме во Викторијанската ера во Англија (почнувајќи од познатиот турнир во Еглинтон во 1839 година), во средновековни поворки и маскенбали, во римски амфитеатри, па дури и во тоа како „нашите предци од камена доба ги реконструирале сцените од лов пред публиката составена од млади луѓе, а Бушманите сè уште го прават тоа“. Во Русија и земјите од поранешниот Сојуз на Советските Социјалистички Републики, воено-историската реконструкција се појавува во периодот на перестројката, односно по падот на советската идеологија, и доживува бум во средината на 2000-тите.
За тоа како се одвиваат историските реконструкции во Русија, нивната историска подлога, како и за нивната традиција зборуваше доцент Евгениј Андреевич Колосков од Санктпетербуршкиот државен универзитет.