Промоцијата на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“
На 22.12.2017 Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ и Рускиот центар при УКИМ ја организираа промоцијата на книгата „Русизмите во македонскиот литературен јазик“ на професорката Нина Чундева.
Промотори на монографијата беа д-р Емил Ниами, проф. д-р Катерина Велјановска и проф. д-р Красимира Илиевска.
Настанот беше збогатен и со свечено наградување на професорката Чундева со Пушкинскиот медал кој го доделува претседателот на Руската Федерација на странски државјани кои оставиле трајни вредности во образованието и руската култура. Медалот го додели амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николаевич Шчербак.