Предавање: „ГУМ – најголемиот трговски центар и споменик на архитектурата“
На 14 декември 2018 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје беше одржано предавање под наслов „ГУМ – најголемиот трговски центар и споменик на архитектурата“. На присутните им беше раскажана историјата на создавањето на Државниот универзален трговски центар кој во 1893 година бил
отворен во Москва на Црвениот Плоштад. Присутните имаа можност и да видат како се развивал овој споменик на архитектурата со текот на годините.