
Предавање „Естетиката на современата руска музичка видеографија“
На 30 ноември 2018 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одржа предавањето „Естетиката на современата руска музичка видеографија“. За тоа како изгледаат музичките спотови во современа Русија и кон што тежнеат во епохата на интензивен развој на информациските технологии зборуваше д-р Емил Ниами.