
Петербург од времето на Петар Велики
Во 2022 година во Русија се одбележуваат 350 години од раѓањто на императорот
Петар Први Велики. По тој повод на 23.09.2022 година д-р Наталија Милчовска одржа
предавање под наслов „Петербург од времето на Петар Велики“ со виртуелна екскурзија
низ Петербург, на која присутните дознаа што е зачувано во градот од времето на
големиот руски император до денешен ден.