
Нина Чундева
Во просториите на Рускиот центар при УКИМ во април го прославивме 80-годишниот јубилеј на проф. д-р Нина Чундева. По тој повод за нејзината научноистражувачка и образовна дејност зборуваа нејзините колеги и студентите на кои професорката Чундева со децении им го пренесуваше своето огромно знаење. По официјалниот дел сите гости имаа можност за непосреден разговор и дружење со професорката Чундева.