Конкурс за деца од 7 до 17 години
На 23 февруари 2019 година Рускиот центар при УКИМ заедно со Фондацијата за
поддршка на развојот на руско-македонските односи „Фонд РМ“ и Центарот за словенска култура
при Серуската државна библиотека за странска литература „М.И. Рудомино“ организираа
национален конкурс за деца од 7 до 17 години. Учесниците пишуваа краток уметнички текст на
својот мајчин словенски јазик (приказна, расказ, стихотворба или песна) на една од следниве теми:
- патување во словенските митови и приказни;
- патување во една словенска земја;
- запознавање со позната личност од словенскиот свет;
- запознавање со традиционалната култура или со занаетчиството на некоја словенска земја.
Конкурсот беше отворен за три возрасни категории:
- од 7 до 9 години
- од 10 до 13 години
- од 14 до 17 години