
Како да се поврзе Русија: Историјата на транссибирката магистрала
Овој петок д-р Емил Ниами ни зборуваше за најдолгата железничка пруга во светот –
Транссибирската магистрала. За плановите за нејзината изградба, за текот на градењето
и за она што претставува оваа магострала тој им раскажа на заинтересираните преку
интересни детали и факти. Присутните на онлајн предавањето под наслов „Како да се
поврзе Русија: Историјата на транссибирската магистрала“ изразија големо интересирање
за линиите кои сообраќаат по таа магистрала.