Иван Иванович Краско
Во просториите на Рускиот центар при УКИМ се одржа специјално предавање во вид на разговор-концерт, на кој земаа учество Народниот уметник на Русија Иван Иванович Краско, дипломките на Санктпетербуршкиот институт за хуманистичко образование (Ателје на н.у. на РФ И. Краско) – Наталија Краско и Екатерина Коваљчук, кои одиграа фрагмент од претставата „Седум чиничиња, седум лажички“ (Н. Семјонова).
Актерот Краско, кој е педагог со огромно искуство изрецитира неколку поетски и прозни точки и зборуваше за методиката на работа на текстот. Станува збор за нешто слично како да се учи гледање слики, слушање музички творби, а тоа значи дека е потребно да се постигне умешност за зачитување на стихотворбата. Да се слушнат деталите и подробностите на поетскиот текст, со цел да се разбере посланието на авторот кое е скриено во неговото дело. За време на работилницата публиката се запозна со тајните на актерското мајсторство и со заеднички сили бидеа поставени рецитаторски точки за неколку учесници на средбата, кои претходно имаа подготвено поетски материјал.