Работилница на тема „Руска авангарда“
Во јуни 2022 година Рускиот центар при УКиМ реализираше необична работилница посветена на руската авангарда. Вљубениците во руската уметност од ХХ век се собраа и создадоа уникатни дизајни на торби кои се повеќе добиваат на популарност во светот на глобалната тендеција за покачување на еколошката свест и грижа за средината која не опкружува.
Викторија Егорова, уметник и професор на Ликовната академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, на самиот почеток на настанот одржа кратко предавање за руската авангарда и ги запозна учесниците на работилницата со основните и најзначајните дела на уметниците од овој период. Овој тип настани секогаш предизвикуваат голем интерес кај посетителите на Рускиот центар имајќи предвид дека тие претставуваат уникатна можност преку творечки процес поблиску и подобро да се запознаат со руската уметност.