Денот на Рускиот јазик
Во мај и јуни во Рускиот центар при УКИМ во Скопје се одржа поетски конкурс посветен на Денот на Рускиот јазик.
На конкурсот можеа да учествуваат сите заинтересирани, независно од возраста, кои рецитираа стихови од делата на А. С. Пушкин на руски јазик.
Во трекот на еден месец учесниците испраќаа видео записи врз основа на кои жирито формира две основни категории – возрасни и деца.
Според резултатите на конкурсот беа избрани победниците, по тројца наградени во секоја категорија. На церемонијата на доделувањето на наградите ним им беа доделени дипломи и пригодни награди – дела од руската класична литература.
Освен тоа во Рускиот центар се одржа необична работилница за руската авангарда. Љубителите на руската ликовна уметност од почетокот на XX век се совраа заеднби за да создадат свои уникатни дизајни за торби за пазарење кои стануваат сѐ пополуларни поради глобалната тенденција за зголемување на еколошката свест и грижата за околната средина.
Работилницата ја одржа уметничката од Русија, професор на Уметничката академијха при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип Викторија Егорова, која на почетокот на настанот одржа кратко воведно предавање за руската авангарда и го запозна учесниците на рфаботилницата со основните значајни дела на уметниците од тој период.
Вакбите настани секогаш предизвикуваат зголемен интерес од страна на посетителите на Рускиот центар бидејќи претставуваат единствена можност за подобро разбирање на руската уметност преку креативниот процес.