
Ден на Екатерина-саница
На 7 декември 2018 година со почеток во 19 часот во просториите на Рускиот центар при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје се одбележа Денот на Екатерина-саница. На присутните им беа претставени руските традиции и обичаи кои се поврзани со овој руски народен празник.